GLOW IN THE DARK

Станува збор за еден  вид специфично ламинирано стакло, барем според начинот на изработка, кое има способност да ја апсорбира сончевата светлина. Како резултат на тоа, истата ја емитува во ноќта, создавајќи впечатлив ефект онаму каде е применето. Овој производ е нов на нашиот пазар. Посебно е погодно како апликација во барови, ноќни клубови, базени, патеки, ознаки во објекти, но и насекаде онаму каде се сака да се постигне и долови ефектот на флуоресценција во ноќта.